Пејачката Викторија Лоба со својата руска убавина се издвојува на целата македонска естрада, но како што можеме да забележиме по последно објавените фотографии нејзината убавина и е во гените и е наследена од нејзината мајка.
Доколку не би знаеле дека се работи за мајка и ќерка, веројатно ќе помислите дека тие две се сестри, а нема да може да се одлучите која е поубава.
Имено викендов во Охрид пејачката и нејзината мајка имаа убав повод за славење, па поради тоа објавија заеднички фотографии од настанот.
Имено од фотографиите на социјалните мрежк можеме да видиме дека Татјана вчера правеше венчавка со својот избраник во балканскиот Ерусалим а пејачката беше пресреќна за својата мајка.
Пејачката беше облечена во прекрасен долг син фустан со потпис на наша позната креаторка и изгледаше поубаво од било кога.
(Н.Ј.)