Мажот прво е фотографиран како седи на тротоар и моли за пари, а потоа после завршениот ден седнал во својот луксузен автомобил и се упатил дома.
35 – годишниот Метју Бринтон ги разбеснил жителите во Корнвел, Велика Британија бидејќи преку ден глумел бездомник, а откако ќе соберел доволна количина на пари, си заминувал со својот луксузен автомобил од марката „Ауди ТТ“. Имено, тој прво бил фотографиран како седи на тротоар и моли за пари, а потоа после завршениот „работен“ ден седнал во својот луксузен автомобил и се упатил дома.
Овој човек е олицетворение на класичен измамник и неговото однесување (со причина) изреволтирало многу луѓе ширум земјата.
Кога Метју ја видел споменатата видео снимка, тој се обидел да се одбрани велејќи дека автомобилот го добил како подарок и дека неколку дена пред да биде направена снимката, возилото било украдено.