Изменет собраќаен режим на една улицата во Скопје

|

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на улицата Беласица ќе се воведе изменет режим на сообраќај со почеток од петок (18.02.2022 година) во 19 часот и ќе трае до сабота (19.02.2022 година) до 24 часот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, велат од Град Скопје во соопштението.

Привремениот сообраќаен режим се воведува поради изградбата на атмосферска канализација чие приклучување е предвидено со попречен прекоп на улицата Беласица на нејзината западна страна, на аголот меѓу улицата Беласица и булеварот Гоце Делчев, како дел од проектот за изградба и реконструкција на булеварот АСНОМ (фазна реализација).