Измени на полицискиот час за време на викендите за оние со домашни миленици

|

Барањата не сите кои чуваат домашни миленици беше да се направат отстапки во полицискиот час за време на викендите, кој започнува од 16 часот.

На денешната седница Владата донесе измени на уредбата за ограничено движење за да им се излезе во пресрет на домашните миленици – за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање.

Барањата не сите кои чуваат домашни миленици беше да се направат отстапки во полицискиот час за време на викендите, кој започнува од 16 часот.

Според сопствениците на миленичиња ограничувањето за движење е нелогично, рече утрово Венера Петковска, претседателка на Асоцијацијата на активисти за права на животните во “Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Таа истакна дека се бара нешто што е логично, бидејќи и милениците имаат физиолошка потреба.