Измени во законот и правилници за барањата на родителите на деца со попреченост

ИЗВОРnovlist.mk
|

Дел од инцијативите и барањата се зголемување на правото за попреченост, намалување на старосната граница за користење на персоналната асистенција, ослободување од партиципација на лицата со попреченост над 26 години и можноста за користење на лесно пристапни социјални станови. Во делот на барањата се и добивање на надстандардни ортопедските помагала за што министерот Филипче најави дека во тек се законски измени, соопшти владината прес-служба.


Во наредниот период ќе се работи на законски измени и правилници со коишто ќе се опфатат иницијативите и барањата на родителите на деца со попреченост, најавиле министрите за труд и социјална политика, Мила Царовска, за здравство Венко Филипче и за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на средба во Владата со претставници на родителите.

Дел од инцијативите и барањата се зголемување на правото за попреченост, намалување на старосната граница за користење на персоналната асистенција, ослободување од партиципација на лицата со попреченост над 26 години и можноста за користење на лесно пристапни социјални станови. Во делот на барањата се и добивање на надстандардни ортопедските помагала за што министерот Филипче најави дека во тек се законски измени,
Оттаму истакнуваат дека Владата посветено работи на подобрување на условите за живот на сите лица со попреченост во државата. Минатата годината, потсетуваат, посебниот додаток за деца со попреченост беше зголемен за 15 проценти, надоместот за скратено работно време е покачен до 50 проценти од просечна плата, проширено е правото на користење на додатокот за попреченост и за лицата со интелектуална попреченост.

Со Закон за социјална заштита, родителот кој се грижи за своето дете до неговата 26 година без да биде институционализиранo и кој е невработен и не користи старосна пензија, има право на пензија. Ова право жените го остваруваат на 62 години, а мажите на 64 години возраст. Исто така, воведени се две целосно нови услуги- персонална асистенција и помош во домот