Изминатиот месец беше најтоплиот јуни на сите времиња во светот, соопшти денеска службата на Европската унија Коперникус, која ги следи климатските промени.
Според Коперникус, просечната температура во јуни во светот била 0,1 степен повисока од досегашниот рекорден јуни во 2016 година. Температурата во јуни најмногу се зголемила во Европа, и тоа за два степени повеќе од просекот.
Топлотниот бран кој почна минатата недела донесе рекордни температури во многу држави. Во Франција, северна Шпанија, Италија и Германија минатата недела температурите беа за десетина степени повисоки од вообичаено, посочи Коперникус.
Пеколот продолжува, но НЕВРЕМЕ ќе ја зафати државава, локално ПОСИЛНО
Пеколниот бран и екстрмено високите температури на воздухот продолжуваат и понатаму и истите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 41 степен додека незначителен пад на истите ќе има во петок и за време на викендот за потоа повторно да бележат тенденција на пораст. Сепак атмосферата нема да биде стабилна следните денови и тоа под влијание на висински циклонски систем и значителната влага која ќе ја имаме во атмосферата па така во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Атмосферата е премногу загреана поради изразениот африкански бран и истата е исполнета со многу енергија, токму поради ова локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења и појава на град. Локално невремето може да биде и поизразено однсоно со град од поголема величина (покрупен).
Во случај на појава на електрични празнења овие денови да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така да се избегнува зборување на мобилен телефон доколку се наоѓате на отворен простор. Исто така додека траат електричните празнења домашните уреди да бидат исклучени.