ИЗРАЗЕНИОТ СТУДЕН БРАН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС – СНЕГОТ ДОАЃА ПОНЕКАДЕ И ВО ГРАДОВИТЕ!

|

Вечерва и во текот на ноќта врнежите од запад ќе се прошират насекаде и ќе бидат НАЈИНТЕНЗИВНИ во западните предели, каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. На повисоките планини ќе врне снег, додека локално ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува и умерен до засилен, повремено на некои места и СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите вечерва и во текот на ноќта ќе се движат во интервалот од 4 до 10 степени.

Утре и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Локално е можна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Под влијание на СТУДЕН БРАН од север, во вторник ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира снежна покривка, а на планините ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми. Услови за провејување на снег во вторник ќе има и на некои пониски места, особено во западните предели. Ќе дува и засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели.

Потоа поради разведрувањето во среда наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури насекаде ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од – 9 до 0 степени. На планинските места истите ќе се спуштаат и под – 10 степени.

И во Скоспкиот регион утре ќе има повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет, додека во вторник ќе дува засилен северен и северозападен ветер а температурите значително ќе се намалат, со што услови за локално провејување на снег ќе има и во Скопскиот регион. Температурите ќе се искачуваат до околу 13 степени, а од вторник истите ќе се спуштат на 6 степени. Во среда наутро ќе биде студено и минималната температура ќе се спушти до околу – 4 степени.

НАПОМЕНА: Со овој студен бран, доаѓа и првото поголемо количество на снег на скијачките центри, па затоа доколку сте лубители на скијањето и на снегот, искористете го ваквото време во текот на следниот период.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki