Изразот на неговото лице кажува се: Карлеуша танцува околу него, а Тошиќ со неочекувана реакција

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша со сопругот Душко Тошиќ и со ќерките Атина и Ника се наоѓа во Дубаи, од каде по подолго време споделува заеднички фотографии и видеоснимки.

Една од снимките е настаната кога Јелена и Душко сакале заедно да позираат на плажа, меѓутоа нештата не се одвивале според замислата на поп-пејачката.

И додека таа се „тверка“ и танцува околу него, тој во еден миг и дава знак со погледот да престане да го прави тоа, што јасно се гледа на видеоснимката.

Во Дубаи тие не се сами, деновиве таму стигна и Бојан Кариќ со своето семејство и така се погоди во исто време да престојуваат на исто место.

Инаку Карлеуша во септември 2004 година се омажи за Бојан, а само после неколку месеци нивниот брак се заврши.

Српските медиуми инаку пишуваат дека српската турбофолк пејачка по скандалот ја зголемила цената за настапите. Така пред некоја вечер во клуб во Виена настапила за 20 000 евра, а претходно добивала по 12 000.

Таа ќе настапи и во Амстердам викендов, така што за само два дена ќе заработи 40.000 евра, зашто сите сакаат да ја видат.

Според медиумите, до крајот на годината би можела да заработи и до милион и пол евра.

Таа објави и нов албум, кој на музичките платформи има милионски преглед за само неколку дена. Карлеуша профитираше и на Инстаграм, каде сега ја следат два милиона фанови.