Изведба во која ќе ужива секој Македонец: Со „Ако згрешам нека изгорам“, Антониа ги воодушеви сите (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

„Како пее оваа малечка“!, „Македонската музика е прекрасна“! Вака коментираа пејачите од жирито уште пред да заврпи настапот на нашата Антониа Гиогвска во новата сезона на музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички“.

Овојпат, младата скопјанка ја избра верзијата на Каролина Гочева на песната „Ако згрешам нека изгорам“.

Ја испеа одлично, а во нејзината изведба ќе уживаат сите.

Ја прашаа Антониа Гиговска дали има момче, а еве го нејзиниот одговор (фото)

Кога станува збор за музиката, Антониа Гиговска може да се пофали со многу успеси, почнувајќи од учеството на „Пинкови ѕвезди“, учеството во мјузикалот „Тајно моја“ за Тоше Проески, го освои второто место на фестивал во Романија, а сега победи и на Макфест.

Кога станува збор за музика и за нејзините музички способности сите имаат пофални зборови за пејачката.

Дури беше и придружен вокал на „Ај Кју“ на Евровивизија.

Кога станува збор пак за нејзиниот приватен живот, го крие од јавноста и не зборува многу за него.

На социјалните мрежи често објавува фотографии од своите активности, а и одговара на прашања од нејзините фанови.

Деновиве фановите ја прашаа Гиговска на „Инстаграм стори“ дали има момче и зошто не одговара на вакви прашања, а одговорот беше краток и јасен:

„Приватност“, кратко одговори Антониа.