ИЗВОРОпштина Карпош
Општина Карпош ги известува сите граѓани дека градинките на територија на Општината („Мајски цвет“, „Пролет“, „Распеана младост“ и „Орце Николов“) ќе ги примаат само децата чии родители/старатели ќе приложат здравствена потврда за примена МРП вакцина.
Ваквите мерки на превенција се должат на Одлуката на Министерството за здравство за прогласување на епидемија на морбили во скопското подрачје, врз основа на Законот за заштита на населението од заразни болести (членови 56 и 57).
Ви благодариме на разбирањето.