Извозените километри со твојот автомобил претвори ги во пари

ИЗВОРСкопје24
|

Иновативната македонската компанија PowerAD која беше избрана помеѓу Топ 50 старт-ап компании на Светскиот Инвестициски Форум на Бизнис Ангели (WBAF 2019) во Истанбул, започна со работа и ти овозможува да заработуваш додека се возиш со твојот автомобил и си ги вршиш секојдневните обврски.

Поседувањето на автомобил во денешно време претставува голем трошок. Гориво, паркинг, регистрација, се само дел од трошоците кои ги имаат сопствениците на автомобили. Од друга страна, компаниите секогаш имаат потреба од реклама со која ќе го придобијат вниманието од своите потенцијални купувачи и со тоа ќе се зголеми нивната продажба. Во ова модерно општество каде технологијата зема преголем замав, традиционалните начини на надворешно рекламирање преку билборди и светлечки реклами повеќе не се забележителни и влијателни.

Затоа, ја креиравме PowerAD мобилната апликација која ги поврзува луѓето што поседуваат автомобили и сакаат да ги брендираат истите, со компаниите кои имаат потреба од моќна подвижна реклама на тркала. На овој начин, возачите ќе заработуваат пари на секој извозен километар, а компаниите ќе добијат нов и иновативен тип на рекламирање.

“Секојдневно, сопствениците на автомобили се среќаваат со високи трошоци кога станува збор за одржување на својот автомобил. PowerAD се обидува да го надмине овој тренд со враќање пари назад во нивните џебови, односно им овозможува да заработат дополнителен приход при извршувањето на вообичаените дневни активности со своите автомобили. Ние ги поврзуваме возачите со брендови кои бараат уникатен начин на рекламирање и сакаат да создадат впечатлива маркетинг кампања преку која ќе допрат до публиката т.е до нивните потенцијални купувачи и на тој начин ќе се зголеми нивната продажба.” – Петар Христов, Founder & CEO at PowerAD

PowerAD ќе биде достапна за превземање преку Google Play и App Store. Сите возачи кои ќе сакаат да ги брендираат нивните автомобили, ќе имаат можност бесплатно да ја инсталираат апликацијата на своите мобилни телефони, да се регистрираат на платформата и да одберат од понудените кампањи кој бренд најмногу им се допаѓа и сакаат да го рекламираат. Просечната заработка на еден возач по успешно завршена кампања ќе биде од 140 до 250 евра.

Доколку и ти сакаш твојот автомобил да заработува додека се возиш, регистрирај се тука.

Повеќе информации на:
www.powerad.io

https://facebook.com/powerad.official

https://instagram.com/powerad_official