Веќе и не постои некоја веселба на која не се слуша песната „Змеј“ во оригинална изведба на Индира Радиќ. На неа оваа песна и донесе слава и успех, но постои легенда за тоа како настанал овој хит.
И додека со години се шпекулира дека песната зборува за згаснатата љубов на двајца млад, текстописецот на песната Марина Туцаковиќ го тврди спротивното.
Имено по легендата која кружи по интернетот, песната е настаната околу 1990 година кога една млада девојка дознава дека ќе го изгуби својот живот.
„Текстот на оваа песна настанат е по вистинска приказна. Љубовта помеѓу двајца млади не успева бидејќи ги спречува с*рт по долга борба со болеста. Фолк хитот „Змај“ кој своевремено го пее Индира Радиќ во себе крие навистина потресна приказна која ќе ги расплаче и оние што имаат камено срце. Дечко и девојка се засакале во средно школо. Десет годишната врска резултирала со закажување на свадба. Meѓутоа девојката дознава дека има р*к на панкреасот во одмината фаза. Венчавкта е откажана, а она на дечкото му пишува писмо додека е во болница ( од збор до збор тоа е оваа песна ) и го замолила да го прочита кога она ќе замине на другиот свет. Меѓутоа тој истата вечер го отвара писмото. Утрината кога дошол во болницата девојката е почината. Дечкото го чува писмото цели 15 години, а потоа решава да и го продаде на Марина Туцаковиќ. Она прво песната сака да и ја напише на Цеца Ражнатовиќ, но на крај нумерата ја пее Индира“, пишува во еден од коментарите на песната.
Потоа од коментарите на песната дознаваме дека дечкото од продажбата на песната купува авионски билет за Бостон, а девојката е погребана во Ниш.
Првпат за ова проговорува Марина Туцаковиќ, „газдарица“ на голем број хитови на музичката сцена. Како што тврди она вистината е потполно различна.
„Во текот на сите овие години слушнав многу легенди во врска со песната „Змеј“, толку многу што може без проблем филм да се сними. Нема врска ни со една случка, поготово не со оној трагичниот како што кажуваат сите. Песната настана откако Горан Ратковиќ Рале ја донесе композицијата која мене ме повлече да го напишам текстот. Песната е објавена во 2003 година што е повеќе од 10 години од случката како што тврдат сите. Знам дека таква е легендата но морам сите да ги разочарам„ вели Марина.