Ја има на секоја гума, а е многу важна: Што значи последната буква на ознаките на автомобилските пневматици?

ИЗВОРСкопје24
|

Сите гуми на страничната страна имаат бројки кои означуваат разни параметни за нејзините карактеристики, а најчесто, на крајот по овие цифри, стои една голема буква. Таа всушност ја означува „индекс брзината“ (speed rating), што е еден од најважните параметри кој треба да го имате во предвид при избор на пневматици.

Индексот брзина ја означува максималата брзина која гумата може да ја издржи при возење со дозволено оптеретување. Во случајот со буквата „V“, таа брзина е 240 километри на час. Колку е поголем овој индекс, толку гумите се поскапи бидејќи при прозизводство се користат посебни мешавини за да можат да издржат што поголема брзина.

Доколку ви пукне гумата од автомобилот, а немате резервна не паничете – Ова е решението

Доколку ви се случи да ви се дупне гума за време на возење, а притоа немате резервна, секогаш е важно да не паничите. Имате многу варијанти кои може да ви помогнат, но пред сè е важно да имате пумпа. Независно дали е електрична или рачна, пумпата може да ве спаси.

Едноставно напумпајте ја гумата, а потоа на кратки дистанци застанувајте да видите дали се има намалено премногу. Опасноста доаѓа кога притисоко на гумите се намали до тој степен што бандажот почнува да притиска на асфалтот преку меката гума. На тој начин се ризикува многу да биде оштетена гумата.

Проверете дали компанијата од каде сте го купиле возилото нуди помош на патиштата. Во некои случаеви тоа подразбира бесплатна помош без разлика што ви се случило. Некои возачи имаат и членски картички на некои авт клубови кои исто така нудат бесплатна помош или пак со намалени цени. Сето тоа треба да го проверите во вашите документи што ги носите во автомобилот. Некогаш и не знаете дека тоа го имате како опција.

Другата работа која што треба да се направи е да се побара најблискиот вулканизер на интернет. Последно што може е да се искористи лепак, но тој е штетен за гумата.

Ако не успеете да пронајдете вулканизер туку продавница од која ќе можете да купите самолеплив спреј, тогаш треба да знаете дека откако ќе ја напумпате гумата треба да испрскате со него, но и најбрзо што можете потоа да најдете вулканизер кој ќе го извади лепилото. Ако гумата стои повеќе време (една недела на пример) со лепилото тогаш нема да може истото да се отстрани.