„Ја измамил смртта“: Докторите му кажале дека има уште 6 месеци живот, на родниот остров живеел уште 45 години

|

Американецот со грчко потекло Стаматис Мораитис тврдел дека ја „измамил смртта“ откако докторите во 1976 година му дијагностицирале рак на белите дробови и му кажале дека му преостануваат уште 6 до 9 месеци живот.

Стаматис поголемиот дел од животот го поминал во Њујорк и на Флорида, но велел дека дијагнозата му го променила животот, пишува „NY Times“.

Таткото на три деца заедно со сопругата Елпиники решил да се врати во татковината, на родниот остров Икарија, бидејќи американскиот погреб би му бил прескап. Сакал само да пие вино и да чека „смртта да му тропне на вратата“ на прекрасното медитеранско место, но тоа се покажало како најдобрата одлука во неговиот живот.

По враќањето во Икарија Мораитис со текот на времето забележал дека се чувствува сè посилен. Откако поминале 9 месеци, сфатил дека можеби сè уште има шанси за живот. Тој живеел уште 45 години откако му бил дијагностициран ракот и починал на 98-годишна возраст.

Во една прилика се пошегувал за „BBC“: „Јас не сум доктор, но мислам дека виното помогна“.

Малиот грчки остров Икарија е познат како место чии жители живеат 10 години подолго од другите Европејци, а често доживуваат и 100 години, пишуваат странските медиуми. Мораитис таму јадел локална храна, пиел вино, дишел чист воздух и живеел живот без стрес.