Речиси и да нема Македонец не ги памети стиховите на песната „Ноќна кралица“ која ја отпеа пејачката Ерзана. Во 90-тите таа беше една од најпопуларните домашни пејачки, а потоа издаде и албум од кој излегоа уште неколку нејзини хитови.
Сепак, животниот пат и љубовта ја однесоа во Америка, каде живее и денес, а од музиката на македонската сцена остана само да се сеќаваме на нејзините песни од тоа време. Таа е горда мајка на нејзиниот 12 годишен син Дориан и живее во Хартфорд, Конетикат, заедно со нејзиниот сопруг Аријан Превала.
Фотографијата е направена од последниот пат кога таа беше во Македонија, минатата година, каде се сретна со нашата поп дива Елена Ристеска со кој се пријателки во приватниот живот.
Погледнете како изгледа таа: