Ја прашаа Кристина Димитриевска, бившата на Кајмакоски дали има момче – ова е нејзиниот одговор

|

Кристина Димитриевска на јавноста и е позната по нејзиниот брак со македонскиот пејач Даниел Кајмакоски. Меѓутоа, претходната година Даниел и Кристина се разведоа, па секој си продолжи по својот пат, односно започнаа да градат кариера.

Даниел замина да живее во Србија и продолжи со својата музичка кариера, победи и во „Твоето лице звучи познато“.

Додека пак Кристина, по разводот излезе од сенка и на јавноста и стана позната по тоа што стана пејачка во обид и сними неколку песни, но и победи на „Мис Балкан 2019“.

Кристина е често активна на социјалните мрежи и објавува фотографии известувајќи ги своите следбеници за нејзините активности. Овој пат Крстина слободно време го искористи за да се дружи со нејзините фанови на социјалните мрежи и во кратките приказни на „Инстаграм“ одговараше на прашања.

Па така, некој од фановите ја праша дали има дечко, а нејзиниот одговор е: Заљубена, но не сакаше да открива повеќе детали.

Таа исто така откри дека кај еден маж најмногу ја привлекува погледот и лудоста. Димитриевска на „Инстаграм“ доби и неколку понуди за брак на кои одговори на шеговит начин.