Македонската актерка Весна Петрушевска- Бејби на својот Инстаграм профил објави фотографија од вест објавена на македонски портал која ги насмеа нејзините следбеници.
Станува збор за вест со наслов „ФОТО: Вака изгледа првиот сопруг на Весна Змијанац“.
Актерката веднаш ја објави оваа вест на својот профил на Инстаграм пишувајќи „Па нек иде живот, додавајќи тагови #news #vesnazmijanac #fakenews“.
Под фотографијата пејачката Каролина Гочева и напиша „Таа си!“, додека Игор Џамбазов напиша „Смршао си брате…“.
Месец март е периодот од годината на астролошката риба, хороскопски знак за кој важи дека е собрана целата енергија од зодијакот.
Во јатото риби е и нашата позната актерка Весна Бејби на која изминатиот викенд и беше роденден. Жените не често зборуваат или ги откриваат годините, а Бејби Мама напротив, јасно и гласно откри дека е на прагот од шестата деценија, односно го прослави својот 49-ти роденден.
По тој повод на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која откри дека е славеничка, гордо исправена и самоуверена пред сè она што животот и донел досега и ќе и донесе. Честитките во коментари се редеа една по друга, како и комплиментите дека ниту виното не може со неа.
Инаку, со роденденот не завршува месецот за славење на Бејби Мама.
На 13-ти (среда) март Весна Петрушевска ќе го прослави јубилејот кој таа го нарекува 25 години во брак со Македонскиот народен театар (МНТ).
По повод јубилејот премиерно ќе биде изведена претставата „Влези, не се соблакај“, за која Петрушевска вели дека ќе ја насмее и ќе ја расплаче публиката, но и дека ќе ја испрати со љубов.
Петрушевска е актерка која секогаш има нешто да каже и да порача. Таа е единствената жена која стои исправено пред сите предизвици. За неа, националниот театар е верен другар низ годините.
„Во претставата ќе се обидам да раскажам сè она што ми се случувало во последните 30 години. Има многу приказни, случки, разни ситуации, но во суштина ќе се бавам со она што сум, што се трудам да бидам сиот мој живот и сè она што сум пропуштила. Забавно и единствено. Не сакам конвенционални одбележувања на јубилеи и затоа се одлучив за стенд ап форма. Освен што сум единствена жена што се бави со таа форма и навистина не знам зошто, ќе се обидам и на таа тема да се искажам. Нели родова еднаквост, скоро 22 век, ама ние со родова еднаквотст се бавиме“, изјавува Петрушевска за „Република“.
Ние ќе и посакаме уште многу јубилеи, убави нешта и исполнување на замислените желби.