Ја препознавате ли? – Која македонска пејачка е на фотографијата?

ИЗВОРНов лист
|

Во последно време социјалните мрежи се преплавени со фотографии од минатото.

Поради настанатата ситуација, во време на карантин и полициски час многумина ги средуваа домовите, дворовите, но има и такви кои добија идеја да разгледаат низ старите албуми и фолдери и да објават по некоја фотографија од детството.

Ниту познатите личности не останаа покуси, па така и нашата поп-дива Калиопи објави своја фотографија кога била дете.

Многумина речиси не ја препознаа, но сите ѝ напишаа само убави коментари под фотографијата.

Ја препознавте ли вие?