ЈА ВИКААТ МАКЕДОНСКА Д-Р ХАУС: Дала отказ во Скопје и заминала во Хрватска, пресудни биле ДВЕ ПРИЧИНИ

ИЗВОРСкопје24
|

Докторката специјалист Луиза Груева е една од најугледните во својата бранша на целиот Балкан. Нејзе ја нарекуваат „македонската д-р Хаус“ и важи за стручен дијагностичар во областа на кардиологијата и интерната медицина. Од неодамна, таа работи во болницата во Пула, пишува „Глас Истре“, пренесува „Јутарњи“.

По 30 години кариера на скопските клиники и предавање на Медицинскиот факултет во Скопје, таа буквално преку ноќ одлучи да го промени и приватниот и професионалниот живот и да замине од Клиничкиот центар во општата пулска болница и за волја на вистината, воопшто не жали за тоа.

Докторката е воодушевена од Истра и Пула, а открива и дека првата причина зошто се решила за ваков чекор е дека отсекогаш ја обожавала Хрватска. Втората и пресудна причина била нејзината нетолеранција на загадениот воздух во Скопје и преголемата гужва.

Груева се консултирала со свој колега од Македонија кој работи во Дубровник и за брзо ја собрала потребната документација, положила напреден курс за хрватски јазик и стапила во контакт со началничката д-р Ирена Хрстиќ. Уште на првото интервју знаела дека ќе ја прифати работата во Пула.

Нејзе ја нарекуваа „доктор Хаус“, според популарниот лик, бидејќи важела за доктор со шесто сетило, која има комплексен пристап кон своите пациенти кој и дава можност да формира целосна дијагноза.

Докторката припаѓа на семејство со четири генерации лекари, а лекари се и нејзините три ќерки. Нејзиниот дедо исто така бил доктор и секогаш им велел на членовите на своето семејство да живеат со чист образ и никогаш да не го извалкаат семејното име.

Најважни квалитети кои Груева ги поседува се непосредноста и комуникацијата со своите пациенти, а според нејзе, скромноста е еден од квалитетите кој секој доктор треба да го зачува и негува.

Извор: Слободен печат