Јадете праски без лушпа: Дознајте го едноставниот трик со кој ќе ја отстраните со само еден потег

ИЗВОРСкопје24
|

Дознајте го овој неверојатен и корисен трик. Дали и вие сте еден од многуте кој ја отстранува лушпата од праската пред да ја јаде?

Ако спаѓате во оваа група на луѓе тогаш ќе ве воодушеви ова видео кое стана вирално и собра повеќе од 70.000 лајкови на Твитер.

Корисникот „ОКАНДА“ демонстрирал како се отстранува лушпата од праска со само еден потег.

„Оваа тајна била чувана со децении. Кога толку лесно ќе ја излупите праската ви доаѓа да ја јадете нон-стоп“ – напишал во описот.

Но, во што е тајната?

Праската потопете ја во топла вода и оставете ја да отстои 20 минути, а потоа во ладна вода уште пет минути за да може лушпата да омекне и толку лесно да се отстрани.

Освежувачки летен пијалак: Компот од праски

Ако сте љубители на праски сигурни сме дека овој компот ќе ви биде новиот омилен летен пијалак. Компотот е популарен пијалак кој е во состојба да го подобри здравјето. Лесно се прави и е многу вкусен. И сè што ви е потребно се само 3 состојки што сигурно веќе ги имате во вашиот дом!

Потребни состојки: 1 килограм праски, 1 килограм шеќер (за 10 тегли компот) и Вода.

Начин на подготовка: Измијте ги убаво праските, исечете ги на парчиња и тргнете ги семките. Исечените парчиња ставете ги во тегла, додајте шеќер и сипете ја водата. Варете ги теглите во тенџере со вода едно петнаесетина минути. Оставете да се олади и послужете.