|
„Нема правда, нема мир“, „Оставка“, „Убијци“, „Бесилка“, извикуваат демонстрантите кои протестот го продолжија пред зградата на Обвинителството.
Револтираните граѓани со јајца фрлаат кон зградата на Јавното Обвинителство искажувајќи го револтот кон она што се случувало досега на Онкологија, бараат правда за жртвите, но во истовреме постои и неверувањето дека претстои правична истрага за истите.