Јаков е Светлоносец: Турунџиева му свири приспивна песна на внукот (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Сузана Турунџиева објави емотивно видео со внукот Јаков, како му свири приспивна песна на пијано.

„ Малечко човече – голема љубов. Тој е мојата музика, мојот Универзум, мојот мир. Тој е Светлоносец. Фала ти животе“, рече водителката и писателка за внукот. Таа сподели фотографија и од нејзиниот зет Филип Наунов, како му свири гитара на својот син.

„Фала ти животе“, искоментира Сузана под фотографијата.

Изминатиот викенд, Јаков ја имаше својата крштевка, а фотографија објави Лора Наунов- Турунџиева, среќната мајка. Таа го роди Јаков на 6 март годинава.

„Лора е голем херој, борец. Таа е похрабра и од мене. Дваесет часа издржа големи болки, сите ние 20 часа бевме на нозе и до самиот крај беше упорна да се породи природно. На крајот, сепак мораше да ја оперираат, и се породи со царски рез“, ни изјави Сузана Турунџиева по раѓањето на внукот.

Видеото од Сузана со внукот, во продолжение:

https://www.facebook.com/suzana.turundzieva/videos/10219715082572196/