Јана Бурческа повторно привлече внимание со фотографија од нејзината најголема љубов

|

Македонската некогашна пејачка, а сега водителка, Јана Бурческа, приватниот живот го чува за себе и го споделува само со своите најблиски.

Бурческа пред две години се оствари во улогата на мајка, со нејзиниот избраник Александар и сега ја имаат ќеркичката Дона, која воедно носи уникатно име.

https://www.instagram.com/p/BoYjPRkn6Vb/?utm_source=ig_embed

Јавноста ја запозна Јана Бурческа преку музичкото шоу „Македонски идол“, каде таа беше една од финалистите.

Бурческа после породувањето некако ги намали музичките настапи и се насочи кон новинарството.

https://www.instagram.com/p/BrxDnMTnfHu/?utm_source=ig_embed

Па така, денес таа е водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, на МТВ1, која пак е една од малкуте емисии од ваков карактер во нашите земји.

Бурческа позади себе нема скандали, ниту некогаш се пишувале невистини и непријатности за неа, но таа често знае да ја заинтересира јавноста со објавите на нејзиниот Инстаграм профил.

И тоа, не било какви фотографии, туку оние со нејзината најголема љубов, малата Дона.

На една од постарите фотографии со нејзината ќеркичка, Јана напиша: „Менувањето пелени се повторува најмалку 7 пати во денот, но јас и Дона не дозволуваме да стане здодевно, напротив, уживаме во тие мигови на игра, голицкање и нежност“, со што ги разнежни своите следачи.

Пред неколку месеци објави колаж со фотографии на кои напиша: „Најдобри пријатели“, со што алудираше на нејзиното куче и Дона.

https://www.instagram.com/p/ByxYHvcn-HT/?utm_source=ig_embed

„Дали е реална?“, „Девојче наше најубаво“, „Кукла убава“, ова пак, се само дел од коментарите на последната објава на Јана Бурческа, односно фотографија од малата Дона која пие чоколадно млеко.

https://www.instagram.com/p/B4FEORuH4J2/?utm_source=ig_embed

Јана исто така знае да изненади и со својот специфичен, а светски изглед, несекојдневните парчиња облека, со кои никого не остава рамнодушен. Со оглед дека има навистина одлична фигура, никој не би се посомневал дека Бурческа е, и од не така одамна, остварена мајка.

https://www.instagram.com/p/B3hUhtuH87c/?utm_source=ig_embed