Новиот хит филм во Бугарија кој ги руши рекордите во гледаност е „Диви и среќни“. Јана Маринова која на нас ни е позната како Преслава од Преспав е една од продуцентите и во филмот има главна улога.
Актерката Јана Маринова пред македонската публика лично ќе го претстави својот нов игран филм „Диви и среќни“. Станува збор за возбудлива, акциона комедија и е еден од најгледаните филмови за 2019 година.
Приказната во филмот е за две жени. Жени кои се најдобри пријателки и посакуваат промена во својот живот. Главни актерки се Јана Маринова и Луиз Григорова-Макариев. Исто така во главна улога се јавува и актерот Александар Сано, познат како Коса од серијата „Под Прикритие“.
Актерската екипа ќе пристигне на скопската премиера во Cineplexx на 13 февруари.
Во продолжение погледнете го трејлерот за филмот: