|
Скандалот на Онкологија ги крена граѓаните на нозе. Социјалните мрежи се преплавени со сведоштва и реакции. Своето искуство за маките на неговата мајка на Онкологија ги сподели адвокатот Јанаки Митровски.
Последниот месец од својот живот мајка ми лежеше на онкологија. На цел спрат немаше буквално никаков персонал. Една сестра на цел спрат која никогаш не ја видовме. Лекови немаше ни за лек. Ја пуштија дома ден пред да почине. Хорор прича ни е здравството а копилињата се богатат на грбот на оние кои умираат. Секој сака да заработи но дали сум воспитан така дали сум глуп, како совест не ги јаде?! Или што си викаат и онака ќе умрат?! Гадовиии!!!“, напиша адвокатот.