|
Секое дете од прво до петто одделение ќе добива секојдневно бесплатен оброк, најави градоналачникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
За таа намена Општината издвојува 21 милион денари на годишно ниво.
Училишното ѕвонче денеска ги собра првачињата на прв училиштен час. Во општина Кавадарци оваа учебна година се запишани 347 ученици во прво одделение или 12 помалку споредено со минатата година. Новата учебна година во кавадаречките основни и средни училишта започна без проблеми. Градоначалникот Митко Јанчев присуствуваше на првиот училиштен час за првачињата во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци.
„Родителите на првачињата ќе добијат 2500 денари, а учениците од прво до петто одделение ќе добиваат и бесплатен оброк“ најави Јанчев.