Јанева пристигна во Гевгелија – ФОТО

ИЗВОРСкопје24
|

Со полициска придружба пристигна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на погребот на својата мајка. Во капелата на градските гробишта, полициските службеници ја спроведоа преку задниот влез.

Барањето за присуство на погребот, вчера до судијата на претходна постапка го упати адвокатот на Јанева. Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција изјави дека човечки било да се дозволи Јанева да присуствува на погребот на својата 83 годишна мајка.

Како што е познато судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор на специјалната јавна обвинителка Јанева по повеќе од 4 часа распит.

Со полициска придружба Јанева беше спроведена во истражниот затвор во Шутка.

Јанева има право на жалба за определена мерка притвор во следните два дена пред кривичниот совет.