Јапонска вежба која ги намалува болките во грбот и помага при слабеење: Потребни ви се само еден пешкир и 5 минути дневно

|

Јапонската вежба во која треба да лежите 5 минути во одредена положба ги олеснува болките во грбот, ги зајакнува мускулите и помага во затегнување на струкот.

Оваа техника ја осмислил јапонскиот лекар д-р Токиши Фукутсуџи, експерт за рефлексологија и масажа, кој навел дека методата помага при неправилното држење и ги намалува болките во грбот и помага при обликување на телото, особено во пределот кај струкот.

Резултатите наводно се забележуваат веќе по 30 дена, а за оваа едноставна вежба ви се потребни само 5 минути дневно и еден пешкир.

Пешкирот свиткајте го во ролна со дебелина помеѓу 7 и 10 центиметри. Легнете на грб, а пешкирот поставете го под долниот дел од грбот. Испружете ги нозете, а стапалата поставете ги во ширина на рамената со тоа што палците ќе ви се допираат. Рацете подигнете ги над главата со дланките кон тлото, а малите прсти нека се допираат.

Останете 5 минути во оваа положба, а потоа полека станете во седечка положба.

Погледнете како правилно се прави оваа јапонска вежба: