Далила Драгојевиќ, учесничка во реалното шоу „Задруга“ и поранешна победничка на „Парови“, е позната по учеството во реалните шоуа, но се проба и како статист во разни спотови, меѓу кои и спотот на американскиот рапер Снуп Дог.
Далила проговори за тоа како го запознала познатиот американски рапер, па го даде описот на кој сите се смеат.
– Еден човек налета на мене и ме праша дали ќе учествувам во спотот со Снуп Дог. Гледам и мислам дека ме шегува. Ми рече дека е менаџер, видеото ќе се снимало на плажа. Отидов на тој кастинг. Снуп Дог е толку низок, мал, слаб… Мојот тип на маж не е толку низок. Тоа видео никогаш не излезе, изјави неодамна Далила во една емисија.
Нејзиното тврдење секако не е точно, бидејќи Снуп Дог е висок 1,93. Поради тоа луѓето не и верувале на нејзината приказна, а сите се насмеале. Шегите на нејзината сметка на социјалните мрежи не престануваат, но сепак има докази дека Далила не лажела.
Во видеото се појавуваат убавици од регионот, но и Далила Драгојевиќ, која потоа се претстави како Далила Морено.