Џејсон Момоа по разделувањето живее во кампер, се паркирал во дворот

ИЗВОРНов Лист
|

Американскиот актер Џејсон Момоа (42) по разводот со долгогодишната сопруга Лиза Бонет (54) наводно се преселил во дворот на своите пријатели и сега живее во паркиран кампер.

Имено, славниот пар актери неодамна на социјалните мрежи ги известил фановите дека на нивниот брак дошол крајот.

Изгледа дека Џејсон и Лиза не можеле да продолжат да живеат заедно бидејќи папараците во САД го „уловиле“ актерот како излегува од камперот FORD RV вреден 750.000 долари, кој очигледно, станал негов нов дом.

Момоа беше фотографиран пред трговскиот центар минатата недела. На раката не носел бурма, а се чини дека се уште го негува својот необичен по малку холивудски изглед.

Засега не е познато дали актерот официјално се преселил од својот дом во Калифорнија каде поминал многу години со сопругата Лиза и нивните две деца.

– Џејсон често преноќува во камперот. Повеќе го сака од хотел бидејќи е блиску до плажите. Тој не е баш тип кој изнајмува приватни авиони и престојува во луксузни одморалишта – изјавил извор близок до актерот.