Јелена Спенџарска важи за една од најатрактивните водителки кај нас, а таа редовно води грижа за своето тело. Со балансирана исхрана и редовно физичка активност, Спенџарска го доведе своето тело до одлична линија. Кога станува збор за модните комбинации таа знае да направи и модна утка.
Пред неколку месеци во емисијата „Мода“ со модниот критичар Сергеј Варошлија на „тапет“ се најде и Спенџарска, а тој и упати тогаш неколку критики на сметка на нејзиниот изглед, фризура, шминка…
„Ова не е добро. Ниту е добро, ниту е модно. Зошто мора да сте во некој чудна поза, како да ве лупнал воз, па да ве наместиле привремено за сликање и да сте укочени. Манекенка да будем со чудно накршен кук. Вака не позираат манекенките“ изјави Варошлија.
Модниот критичар и даде и неколку совети на Спенџарска во однос на фризурата. „Јас ќе предложам што да направиш со косата. Ова за тебе ќе биде одлично решение и немој да се вадиш на моментот дека имаш ниско чело и дека шишки нема да ти стојат и дека фризерки ти рекле дека нема да ти стои. Шишките мора да ти се исечени во линија каде што завршува веѓата, пеглана коса, никако локни“ посоветува модниот критичар.
Тој истакна дека Спенџарска мора да има рамна коса и дека така подобро ќе и стои. Меѓутоа, Спенџарска како добар ученик ги прифати критиките на Варошлија и ги послуша неговите совети, па токму тој ја пофали во едно од изданијата на неговата емисија потенцирајќи дека се поправила.
Меѓутоа, деновиве Јелена се одлучи повторно да инвестира во својот изглед. Поточно, Спенџарска истакна дека донела одлука косата да ја пушти и повторно да биде долга.
„И да ја соопштам мојата најнова одлука од пред 2-3 дена…одлучив повторно да ја пуштам косата“ напиша Спенџарска на „Инста стори“. За оваа промена таа не побара помош ниту од модни стручни лица туку го побара мислењето на нејзините следбеници.
Таа објави фотографија од својата долга и кратка коса, а во описот напиша праша „долга“ или „кратка коса“.
Вистина.мк