Новак Ѓоковиќ вели дека неговата исхрана е „растителна“ повеќе од четири години и дека цело време игра на исто, многу високо ниво, но одбил да се декларира како веган или вегетаријанец.
Слатките и белиот шеќер одамна се надвор од употреба!
Новак и Јелена не користат шеќер во исхраната, но тенисерот не бега од јаглехидрати. Неговиот ручек најмногу се базира на тестенини, па затоа му се обезбедуваат јаглехидрати, но секогаш се тестенини без глутен.
Кога станува збор за слатките, постои една позната анегдота кога по освојувањето на турнирот во Австралија во 2012 година, изел само една коцка од отворено чоколадо, а остатокот од чоколадото останал недопрен.
Затоа на теренот секогаш при рака има урми, одлични поради многу нискиот гликемиски индекс. Јаде и банани од овошје богато со шеќер, а секој ден зема по две лажички мед манука. И секако, во неговата исхрана има многу јаткасти плодови и семки.
Токму тоа се состојките на тортите на Јелена, намирници кои постојано се во фрижидер. Затоа, експериментирајте сами, советува таа – измешајте мелени јаткасти плодови по вкус, додадете урми, но и кокосово масло, можеби нешто од бобинки – јагоди, малини. Какаото и индиските ореви можат да бидат одлични додатоци. Промешајте и формирајте бомбици од смесата и оставете да се излади.