Јелена Карлеуша: „Душко и јас со години не сме заедно“

ИЗВОРСкопје24
|

Поп пејачката Јелена Карлеуша првпат пред ТВ екраните проговори за бракот со фудбалерот Душко Тошиќ.

Претходните месеци, Јелена често беше на мета во медиумите поради нејзиниот брак со Душко и се пишуваше дека наводно парот се разведува.

Во емисијата „Ѕвезде Гранда специјал“, таа се обрати на Саша Поповиќ и се пошегува:

„Саша, знаеш ли што Душко ми вели за „Гранд“? Ми кажа: „Нас нема да не разведат медиумите, нас ќе не разведе „Гранд“. Ние со години не сме заедно, поради „Гранд“ изјави Јелена.

За потсетување, од јануари месец, Карлеуша е во центарот на медиумите бидејќи наводно имала афера со босанскииот фудбалер Огњен Врањеш и наводно се разведува од Душко.