Јелена Карлеуша ќе сними песна за својата мајка, Марина Туцаковиќ го пишува текстот

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Јелена Карлеуша која беше многу поврзана со нејзината мајка Дивна Карлеуша па се одлучи на несекојдневен потег како би се одолжила на нејзината мајка.

Имено Јелена се решила да и препушти на Марина Туцаковиќ, која беше и долгогодишна пријателка на нејзината мајка да напише балада со која пејачката ќе се врати на сцената кога ќе биде подготвена за тоа.

Карлеуша ја замолила Туцаковиќ да и напише емотивен текст, а Марина ова неодамна и го потврди.

„Секако дека ќе ја исполнам желбата на Јелена да напишам песна за нејзината мајка. Се уште е рано да зборуваме за тоа, бидејќи Дивна само што замуба и не е прав момент за тоа. Мора да пројде некое време. Немам се уште план каков ќе биде текстот, тоа зависи од моментот кога ќе седнам да пишувам“, вели Туцаковиќ.

Јелена исто така реши да го промени своето име во чест на мајка си, па покрај своето, да го додаде и името на нејзината мајка- Дивна, во знак на благодарност и сеќавање на неа.

Пејачката одлучи за јавноста и понатаму да остане ЈК, но во личните документи покрај своето име ќе го додаде и мајчиното.

Инаку, познатата поп пејачка се уште е очајна поради големата загуба.

Според српските медиуми, нејзината здравствена состојба полека се враќа во нормала, но се уште постојано зборува за нејзината мајка и многу често се расплакува додека зборува со најблиските.

Пејачката изјавила дека сака да го додаде името на својата мајка и на тој начин постојано да биде поврзана со неа, но и да и се оддолжи за целата поддршка што и ја давала постојано додека била жива.