Јелена Карлеуша се наоѓа во центарот на вниманието околу наводниот развод од сопругот Душко Тошиќ. Имено, после аферата со фудбалерот Огњен Врањеш, следуваше и заминувањето на нејзината мајка, Дивна Карлеуша. а потоа во медиумите се појавија информации дека Душко сака да се разведе од неа.
Сега пејачката со новиот пост на социјалните мрежи повторно ја потресе јавноста, пишува српски „Ало“. Имено, пејачката напишала дека е силна жена затоа што ја одгледала силна жена, а сега се шпекулира дека со неа Карлеуша го најавила разводот, но и фактот дека ќе успее да го преброди и овој силен животен удар.
Поп ѕвездата и пред некој ден преку социјалните мрежи упати порака во која вели „На човековото зло, омраза и завист одамна одговарам со тишина!“ – напиша таа.
Инаку, српскиот фудбалер Душко Тошиќ, на социјалната мрежа Инстаграм веќе не ја следи својата популарната сопруга, пејачката Јелена Карлеуша.
Фудбалерот на кинескиот Гванжу ја отпратил сопругата Јелена од популарната социјална мрежа, профилот на Карлеуша веќе не се наоѓа на листата на профили чија активност фудбалерот ги следи.
Популарната Џеј Кеј неколку часа откако сопругот Душко ја „избриша“ од својот Инстаграм го врати ударот и го стори истото.