Со месеци наназад се шпекулира дека Јелена Карлеупа ќе се разведе од сопругот Душко Тошиќ, а една фотографија покажа нешто сосема спротивно од шпекулациите.
Имено, откога започнаа муабетите со Огњен Врањеш, Душко и Јелена престанаа да се појавуваат заедно во јавност, како и на приватни забави, свадби…
Се зборуваше дека нивниот брак е во криза. Меѓутоа, Јелена објави фотографија од својата ќерка Атина која го носи розвиот костим во кој мама настапи, а во позадина се гледа и Душко.
Сепак, оваа фотографија сведочи за тоа дека нивниот брак се уште функционира, делеку од очите на јавноста.