Јелена Карлеуша се вратила во Србија како би присуствувала на снимањето на Ѕвездите на Гранд, после големиот скандал кој и се случи изминативе денови.
Јелена не влегла на главниот влез на студиото во Кошутњак, туку на споредниот и со брзина на молња претрчала од автомобилот до влезот.
Сепак новинарите успеале да ја снимат на секунда.
Познатата српска пејачка, инаку има богато искуство кога се работи за изборот на мажи. 41 годишната турбо-фолк ѕвезда често ги менуваше партнерите.
Во средината деведесеттите години, Јелена беше во врска со еден од водачите на Земунскиот клан Зоран Давидович-Чанда.
Во 2002 година Јелена сними албум за продуцентската куќа „БК саунд“ кога се запозна со еден од наследниците на богатата империја Кариќ, Бојан.
Брзо стапија во брак, но уште побзо разведоа,. Јелена тогаш изјавуваше дека причина за разводот се разликите во карактерите.
По Бојан, Јелена беше во врска со контроверзниот бизнисмен Владан Мариќ кој беше познат по врската со хрватската старлета Нивес Целзиус.
Среќата во љубовта ја најде во 2007 година кога го запозна фудбалерот Душко Тошиќ. Таа е седум години постара од него и Душко кога се запознале ја излажал дека има 26 години а не 20. Во бракот со Душко имаат две ќерки Атина и Ника.
Барем во јавноста со нивната љубов се беше во ред се додека не изби скандалот со анонимниот фудбалер Огнен Врањеш. Иако тие сеуште објавуааат заеднички фотографии на кои се гледа дека нивниот брак не е загрозен, многу од медиумите објавија дека Душко подготвува развод.