Јелена Карлеуша за прв пат се огласи по повод разводот со Душко (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Како што пренесуваат медиумите од регионот фудбалерот Душко Тошиќ веќе ги поднел документите за развод од поп дивата Јелена Карлеуша, која пак се огласи за прв пат по овој повод.

Имено Душко сакал да го испочитува болниот период кој Јелена го имала заминувањето на мајка си, а одлуката за развод ја донел откако во јавноста проструи аферата на Карлеуша со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.

Јелена Карлеуша деновиве одмара и се релаксира во Истанбул од каде сподели неколку фотографии на Инстаграм.

Поп ѕвездата Јелена преку социјалните мрежи упати порака во која вели „На човековото зло, омраза и завист одамна одговарам со тишина!“ – напиша таа.

Инаку, српскиот фудбалер Душко Тошиќ, на социјалната мрежа Инстаграм веќе не ја следи својата популарната сопруга, пејачката Јелена Карлеуша.

Фудбалерот на кинескиот Гванжу ја отпратил сопругата Јелена од популарната социјална мрежа, профилот на Карлеуша веќе не се наоѓа на листата на профили чија активност фудбалерот ги следи.

Популарната Џеј Кеј неколку часа откако сопругот Душко ја „избриша“ од својот Инстаграм го врати ударот и го стори истото.