Јелена од болка не можеше да дише: Никој не можеше да и пријде на комеморацијата, а овој човек не се двоеше од неа (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша беше буквално скршена од болка на комеморацијата на нејзината мајка Дивна Карлеуша. Комеморацијата беше оддржана во зградата на Радио Белград.

Пејачката и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ по настанот изглегоа на споредниот излез, а од нив не се двоеше обезбедувањето кое не му дозволи на никого да им прииде.

Јелена и Душко веднаш влегоа во автомобилот, седнаа заедно на задното седиште и отидоа во вилата на Дедиње, а од таму ќе се упатат кон вечното почивалиште на Дивна.

Испраќањето на Дивна Карлеуша на вечното почивалиште ќе се одржи во 15 и 20, а Јелена заедно со фамилијата сочувство ќе примаат во 14 и 30. Фамилијата одлучи Дивна Карлеуша да биде испратена со песната „Била је тако лепа“.

Видеото погледнете го ТУКА.

-Победничка моја, мој голем борец… не се грижи за ништо, се ќе биде онака како ти сакаше… гордост моја, љубов моја, убава и насмеана….спиј мирно, ангел мој… твоја Јелена.

Тажната вест за својата мајка Карлеуша ја доби на аеродром , на враќање од настап во Австрија.

Според српските медиуми , пејачката е под седативи и се уште не може да си дојде на себеси од шок. Озвор близок до семејството кажува дека Дивна само неколку минути пред да замине разговарала со ќерката Јелена и дека не се помислувало за вакво нешто.