Џенифер Лопез откри како Бен Афлек ја запросил

ИЗВОРНов Лист
|

Афлек ја запроси Џенифер на нејзиното „најомилено место на светот“.

Пејачката и актерка откри дека нејзиниот „најголем сон“ се остварил минатиот викенд кога Афлек ја побарал за жена.

„Во саботата вечерта, додека бев на моето омилено место на светот (во пенлива бања), мојата прекрасна љубов клекна на едното колено и ме запроси“, откри Лопез.

„Бев целосно неподготвена и само го погледнав во очи насмевнувајќи се и плачејќи во исто време, обидувајќи се да го разберам фактот дека по 20 години сето тоа се повторува, јас буквално останав без зборови и тој рече: „Дали е тоа да?“ Реков ДА, секако, тоа е ДА“, напиша 52-годишната пејачка и продолжи.

„Се насмеав толку силно и солзи ми течеа по лицето, се чувствував толку неверојатно среќно и исполнето. Не беше ништо фенси, но тоа беше најромантичното нешто што можев да го замислам… само тивка саботна вечер дома, двајца луѓе кои ветуваат дека секогаш ќе бидат тука еден за друг. Двајца многу среќни луѓе кои добија втора шанса за вистинска љубов“.

Да потсетиме, Лопез неодамна изјави за магазинот People што ја прави нивната врска поинаква сега отколку пред 18 години, велејќи:

„Сега сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство, на различни места во животот сме , сега имаме деца и мораме да бидеме многу свесни за тие работи.