Не е тајна дека по хрватското крајбрежје полудеа и светските ѕвезди, а најновиот славен посетител е американскиот рокер Џон Бон Џови, кој е фотографиран додека се качува на јахта со сопругата и синот.
Ова не е првпат Џови да е во посета на Хрватска. Имено, пејачот со семејството го поминал одморот во Дубровник уште во 2011-та година, а изгледа дека толку многу му се допаднало што одлучил повторно да ги обнови спомените.
Бон Џови со сопругата Дорета е во врска од средношколските денови и заедно имаат четири деца, Стефани Роус (26), Џеси (24), Јаков Харли (17) и Роми (15).