Јогурт лепчиња: Пециво без конкуренција поради кое засекогаш ќе заборавите на лебот (РЕЦЕПТ)

ИЗВОРСкопје24
|

Состојки: 550 грама брашно, 300 ml јогурт, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка прашок за пециво, масло за пржење.

Подготовка: Во длабок сад ставете го јогуртот, додадете шеќер, сол, сода бикарбона, прашок за пециво и убаво измешајте. Постепено додавајте брашно и замесете помеко тесто.

Тестото ставете го во најлон кеса (за замрзнување) и оставете да одстои во фрижидер 10 минути. После тоа тестото ставете го на површина со брашно, формирајте облик на „сплескан“ круг и исечете 7 паричиња. Од тие парчиња формирајте 7 топчиња.

Ставете ги во тацна и оставете ги да одстојат 5 минути, па секоја топка формирајте ја во форма на круг (големина на обична чинија). Загрејте го маслото и лепчињата пржете ги на умерен оган додека не поцрвенат од двете страни. Готовите лепчиња ставајте ги на хартија, за да се исцеди маслото.

Послужете ги со сирење, ајвар, или во слатка варијанта со крем или мармалад. Одлични се со секоја комбинација. Уживајте !

Видео рецепт: Суфле палачинки – милиони полудеа по нив, меки како перничиња

Направете суфле палачинки кои се толку меки и вкусни што ќе полудите по нив.

СОСТОЈКИ: 1 јајце 200 мл. млеко екстракт ванила 200 гр. брашно ½ лажици прашок за пециво 1 белка 150 гр. шеќер

ПОДГОТОВКА: Се делат белките и жолчките, па се ставаат белките во ладилник кратко. Се матат жолчките со млеко и брашно со прашок за пециво, а потоа се матат одделно речиси замрзнатите белки со шеќерот. Се додаваат кај жолчките и се мати се. Се загрева тава и се става од смесата со кутлача.Тргнете ја тавата со масло кога ќе ставате од смесата, па потоа вратете ја. Направете дебела палачинка. Се печат на ниска температура додека не станат златни, па се превртуваат. ВАЖНО: Оваа смеса лесно загорува, па важно е да се прават на пониска температура. Не ставајте повеќе брашно од напишаното и белките добро нека бидат изматени. Ова е деталната подготовка: