|
Направете си погача од која домот ќе замириса. Брз и евтин рецепт.
СОСТОЈКИ: 2 јајца, 2 дл. јогурт, 230 гр. брашно, 130 мл. масло, пола прашок за пециво, 1 лажиче сол.
ПОДГОТОВКА:
Се матат едно по едно јајцата со миксер и се додава јогурт и масло.
Се става и брашно и прашок за пециво со сол, па се меша со миксер убаво. Се става во плех со масло и брашно и се премачкува горе со жолчка. Се пече на 220 степени 15 минути.