Јована Јоксимовиќ без грам шминка – Природно си е природно

ИЗВОРСкопје24
|

Јована Јоксимовиќ објави фотографија од Копаоник, и тоа во природно издание без грам шминка.

Атрактивната сопруга на Жељко Јоксимовиќ без проблем покажа како изгледа, а фотката наиде на голем број позитивни коментари и критики.

„За мене среќата е состојба, мој единствен избор и најважна задача. И тоа никогаш не го заборавам. Никогаш ништо не е лесно, има тешки денови, но и тогаш ја носам насмевката на моето лице“, порача Јована.

слика

Водителката со сопругот Жељко има три деца, а пред некое време се огласи и по повод шпекулациите дека близначките ги добила со вештачко оплодување.

Таа демантираше дека Ана и Срна се добиени по пат на „ин витро“. Сопругата на популарниот пејач реагираше на приказната така што на својот Инсатграм објави „принтскрин“ од медиум кој објави дека таа и Жељко се еден од познатите парови кои добиле деца со вештачко оплодување.

Покрај фотографијата реагираше и допиша дека е неточно и ги замоли авторите да ги почитуваат своите читатели.

Инаку, Јоксимовиќ не криеја дека Јована имаше многу тешка бременост со близначките и повеќето од трудничките месеци ги помина во кревет.