Братот на Жељко Јоксимовиќ, Саша Јоксимовиќ, е во брак со продуцентката Невена Јоксимовиќ со која има син Илија.
Саша и Невена се во љубовна врска веќе 19 години, што е реткост во денешно време. Тие почнаа да се забавуваат уште за време на средното училиште, а Саша за магазинот Глорија призна дека денес тешко би нашол партнерка како неа и кога би бил слободен, но и дека со својата сопруга имаат договор на секои 10 години да прават свадба.
„И кога би бил слободен човек, не знам дали би се снашол да најдам девојка. Невена и јас сме генерација која што се муваше во времето на Слободан, кога се уште се веруваше во љубов и немаше силикони, старлети и ријалити, како ни Фејсбук ни Инстаграм. Се свршивме на лето, и беше толку убаво што се договоривме на секои десет години да правиме свадба“ изјави тој минатата година за Глорија.
Невена во заедничкото интервју истакна дека во љубовта е најважна почитта меѓу партнерите.
„Без него не можете ни кафе да испиете. Но важно е и тоа да ви биде интересно со вашиот партнер. Саша и јас можеме дваесет дена да бидеме затворени некаде заедно и повторно нема да ни биде досадно“, раскажува таа.
Инаку, Невена покрај продукција има завршено и Филолошки факултет, каде студирала на отсек германски јазик. Многумина ја фалат бидејќи секогаш е дотерана и е вистински пример како денешна жена може да биде посветена мајка, сопруга за пример, а воедно и успешна деловна жена.