Изминатиов викенд во Македонскиот народен театар се одржна големото финале од првата сезона на „Мел фест талент шоу: Ѕвезда број 1“. Организатор на целиот овој проект беше „Арт 10“ продукција и првите луѓе на добропознатиот фестивал „Мел Фест“, директорот Пеце Стоикоски и Елена Петреска, која од минатата година е уметнички директор на фестивалот. Со цел поголема афирмација и поддршка на музичките таленти во Македонија, освен на самиот фестивал, организаторите преку ова шоу изминативе неколку месеци дадоа уште еден свој допринос во откривањето на новите музички имиња на нашата забавна естрада. Победник во првата сезона беше младата битолчанка Јована Здравевска, второто место и припадна на Ангела Илиева, додека третопласирана беше Анастасија Аврамовска. – Сите едногласно во жирито ја поддржавме Јована, бидејќи навистина го заслужи тоа. Благодариме на нашите ѕвезди од естрадата, познати композитори, новинари како и бизнис секторот кои вечерта за време на финалето, одлучија за победникот во оваа прва сезона. Квалитетот не изостануваше ни кај другите кандидати, па затоа продукцијата ќе работи и со нив следниот период, односно со прво, второ и трето наградените.Наскоро ќе бидат промовирани плановите за победникот и останатите учесници, вели директорот Пеце Стоикоски и додава:
– „Ѕвезда број 1“ продолжува со втора сезона, а во истата очекувајте уште поголемо и помасовно талент шоу, односно спектакл преку кој ќе ја пренесеме и пораката на самиот „Мел фест“, а тоа е дека „Нотите немаат јазик. Светот треба да пее, младите треба да се среќни, а и сите ние заедно со нив“.
Квалитето не изостануваше и кај другите кандидати затоа Продукцијата ќе работи и со нив во следниот период. Со 1 наградената но и со 2 и 3 наградената. Наскоро ќе бидат промовирани плановите за победникот и останатите. Ѕвезда број 1 продолжува со 2 сезона очекувајте уште поголемо и помасовно шоу со уште поголеми награди. Очекувајте спектакл кој ќе го оправда тврдењето дека нашата нација располага со врвни таленти и дека преку песна ќе ја упатиме вечната порака до светот ,,Нотите немаат јазик,, Светот треба да пее , младите треба да се среќни а сите ние заедно со нив.