Јовески за „Рекет“: Знаеме како Камчев ги обезбедил парите кои ги дал на Боки 13

ИЗВОРСкопје24
|

Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден, порачува републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески во интервју за „Независен весник“. Тој открива некои детали за истрагата за најновиот случај „Рекет“, за сметките на бизнисменот сведок и за проширувањето на истрагата. Освен за истрагата, Јовески зборува и за тоа како треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство и го предлага истото што го предложи премиерот Зоран Заев во новиот предлог-закон за јавно обвинителство кој идната недела ќе влезе во Собрание. Тој ја уверува јавноста дека доколку предметите на СЈО се дадат во надлежност на Јавното обвинителство, ќе се гонат сите сторители за кои ќе се најдат докази

По отворањето на новата истрага за рекетот што го изнудувал сопственикот на телевизијата 1ТВ, главното прашање на јавноста е дали истрагата ќе биде проширена? Дали ќе опфати пратеници и обвинители, или можеби некои други личности?

-Да, истрагата ќе се прошири за сите инволвирани лица во конкретниот случај, како и за други кривични дела доколку во неа се дојде до такви докази. Во овој момент не може да се каже дали ќе бидат опфатени пратеници, обвинители или други личности. Постапуваме неселективно и делото ќе го истражиме и расветлиме целосно и сеопфатно. Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден.

Според информациите од Обвинителството, сведокот му дал на првоосомничениот 1,5 милион евра за да биде прекината истражната постапка против него. Тоа е огромна сума пари. Дали парите биле дадени во кеш и дали Обвинителството ќе истражува од кои сметки се влечени парите и како се стекнати?

-Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет.

Целото инервју прочитајте го на Независен.мк

Кој е Боки 13? Од ѕвезда во „Големиот брат“ до милионски сметки па заврши зад решетки!?

Кавгаџискиот играч од реалните шоуа, во 2015. година одлучува да се повлече од јавниот живот. Како што стои во официјалната биографија, токму тогаш вонредно се запишува на право на Универзитетот во Скопје и за две години добива диплома од овој факултет.

Новото поглавје од животот, исто така, барало нови промени во физичкиот изглед, па затоа бил подложен на многу естетски процедури, како што се: зголемување на усните, затегнување на лицето … Потоа го сменил својот имиџ, ја исекол косата, се исфарбал, почнал да носи гардероба на маж. Почнал и здраво да се храни и да вежба, поради што загубил повеќе од 30 килограми. Од стариот Боки 13, останало само името, сè друго променил.

Една година подоцна, токму на 28. јануари 2016 година реалната ѕвездата во Париз станува промотор на проектот “Човекови права – ЕУ”. Овој проект не се однесува само на правата на ЛГБТ популацијата, туку на сите загрозени или малцински слоеви на општеството.
„Со мојата ригорозна реторика и со лично искуство, на човековите права ќе им дадам свој целосен придонес во овој проект!“, рекол тогаш Боки 13.

Политички ангажман
Од тој ден, животот на Бојан Јовановски се менува од корен. Почнува активно да учествува во политичките настани во Македонија а во април 2016. година и јавно повикува на замена на тогашниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов. Дека бил против власта на Иванов транспарентно покажал нана социјалните мрежи, и така што ги посетувал протестите и се залага за негова смена.

Политичкиот активизам и контакти ги капитализира во средината на јуни 2016. година, кога станува претседател на „Меѓународната алијанса за граѓанско општество и социјално ранливи“ на четири години.Тогаш изјавува дека тој се откажал од платите и сите придонеси што треба да ги добие.

Токму во тој период, додека по негов избор ја извршуваше неплатената функција, Јовановски по социјалните мрежи почнува да се фали со луксузот што го ужива.

Она што се сменило во неговата имотна состојба не е познато, но од неговите објави се забележува дека за само една година од „ташни” чија вредност не надминува неколку стотици евра, почнал да носи скапи облеки што чинат богатство. Пример е токму торбата на “Хермес“ така наречена “биркинка”,чија цена на официјалниот сајт се движи од 7.000 до 20.000 евра. Во прилог на ова, постојат бројни патувања низ цела Европа, отседнување во најскапите хотели, возење со хеликоптери и на сето тоа голем број познати личности од светот на шоу бизнисот кои му правеле друштво.

По назначувањето, редовен гостин е на сите значајни градски настани, приеми нво амбасади, вечери со влијателни луѓе на власт и бизнисмени. Во исто време активно почнува да ја поддржува политиката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а на изборите одржани во декември 2016. година јавно се изјаснува дека гласашл за оваа партија и за актуелниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев.

Еден месец по изборите, новиот премиер го прима Боки 13 на состанок во Владата.

„Денес ја одржавме првата работна средба со премиерот, на која ги поставивме темелите за заедничка соработка на Меѓународната алијанса и Владата. Премиерот даде поддршка и поттик за имплеметнација на нашиот акционен план…“, гласела уште еден во низа изјави за поддршка која некогашната реална ѕвезда ја пружила на новиот премиер.

Популарноста и присуството на Боки 13 во овој период ескалира, а тој во средината на април 2017 година, според неговите сопствени тврдења, е еден од најбараните луѓе на интернет пребарувања во Северна Македонија. Се нижат и нови хуманитарни ангажмани и високи функции, како и соработката со сегашната македонска власт, всо која реалниот милионер се фали на сите страни. Во тој период тој добива и лично бобезбедување, возач и други бенефиции.