ЈСП допрва ќе набавува зимски гуми

ИЗВОРТемла
|

Дојде зимата и за Јавното сообраќајно претпријатие. На 21 декември објавиле тендер за набавка на зимски гуми за автобусите.

Станува збор за 350 гуми приспособени за снег и влажни улици.

Само една недела пред ЈСП да го објави тендерот, сообраќајната полиција почна да казнува возачи кои возат без соодветна зимска опрема за возилата.

„Гумите не смее да бидат постари од една година. Треба да се наменети за автобуси за градски-урбан сообраќај и да се произведени во согласност со европските стандарди.“

Тендерот ќе важи до десетти јануари. Потоа ќе се одбере оној кој ќе понуди најниска цена на аукцијата.

Гумите ќе стигнат во базите на ЈСП во Автокоманда и Ѓорче Петров најрано кон крајот на јануари. Од друга страна, зимската опрема за возилата е задолжителна до 15 март, што значи дека автобусите ќе возат со зимски гуми неполни два месеци.

И претходно ЈСП добило достава од 250 гуми, за сума од 130 илјади евра.

Сепак, според извори на Телма, речиси една четвртина од автобусите не возат на скопските улици заради недостаток на гуми или делови.

Двокатните кинески автобуси ја чинеа државата 35 милиони евра, а ниските украински 11 милиони.

Петар Догов