ЈСП Скопје информира дека линијата 63А (Транспортен центар – Ајватовци), во наредниот период од девет месеци ќе сообраќа по изменета траса од вообичаената, поради изградба на натпатник на патот Марино – Бунарџик.
Траса на движење од Транспортен центар до Ајватовци:
-Од Транспортен центар до кружен тек во населба Илинден ќе се движи по редовната траса, потоа ќе продолжува по траса на линија 63, по улица „9“, потоа ќе излегува на улица „8“ и ќе врти лево (по траса на линија 66 ), кај складот на „Макпетрол“ (Зегин) ќе врти десно на надвозникот, па ќе продолжува до с.Ајватовци и завршува во с.Бунарџик (сред село), каде ќе биде и последната постојка (свртувалиште)
Траса на движење од Ајватовци до Транспортен центар:
-Од с.Бунарџик (сред село) ќе се движи до Ајватовци, па ќе продолжува до надвозникот и кај складот на „Макпетрол“ (Зегин) ќе врти лево по улица „8“ (по траса на линија 66), кај раскрсницата Ким ќе врти лево по улица „9“ (по траса на линија 63) и од кружниот тек во населба Илинден ќе продолжува по својата вообичаена траса
При посочениот изменет режим, автобусите ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.