ЈСП со важни информации за студентите

|

Студентите кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз до крајот на месец февруари ќе мора да ги продолжат, односно да ги заверат билетите, информираат од ЈСП-Скопје.

„Од 1.03.2022 год секој студент од посочената категорија, доколку не поседува уредно заверен/продолжен билет, во случај на линиска контрола, ќе добие записник (казна), доколку не поседува друг тип валиден билет. Единствен валиден документ за користење на бесплатниот превоз е уредно заверен/продолжен билет за тековната година, не се признаваат индекс, потврда за студент и слично. ЈСП Скопје и годинава по барање на студентите, за три месеци го продолжи рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет за 2022 година“, велат од Претпријатието.

Продолжувањето на билетот се врши во некој од центрите за персонализација со неопходната документација (индекс на увид со запишан летен семестар и потврда за редовен студент, не постара од 1 месец).

Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.